речник контакт

Зошто не можеме да одолееме на нездравата храна?

Нема никаква магија, кога ќе купите кесе переци или чипс, го јадете цело. Тоа се случува од безброј причини, а најмногу поради тоа што се направени за кај вас да предизвикаат зависност

Петар Печков

Производителите на таквата храна трошат милиони на рекламирање на своите производи, но и на откривање на формулата која ве тера да земате уште. Прочитајте зошто не можете да одолеете на вашите омилени грицки.

Една студија спроведена на Колеџот во Конектикат дури покажа дека бисквитите Ореос предизвикуваат зависност и тоа така што активира повеќе неврони во центрите задолжени за задоволство, отколку кокаинот или морфиумот.

Не можете да одолеете на пециво, бидејќи е преполно со јаглени хидрати.
Ако појадувате, ручате, а често и вечерате во продавница за пецива, можеби тоа е поради тоа што сте зависни од јаглени хидрати.

Како и целата храна преполна со јаглени хидрати и пецивата се разложуваат на прости шеќери. Така студија спроведена на глувци во 2012 година покажала дека намирниците богати со јаглени хидрати, масти и шеќери можат да го променат мозокот.

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Монтреал, глувците кои внесувале премногу масти и шеќери имале симптоми на депресија и поголема чувствителност на стресни состојби.

Исто така, тие имале и повисоко ниво на молекули ЦРЕБ, задолжени за производство на допамин.

Науката се уште не утврдила зошто таквата храна толку не привлекува, но тоа е факт.
Сакате флипс, бидејќи ви се топи во устата

Колку брзо можете да изедете флипс од едно кесе? Веројатно многу брзо. Тоа е затоа што производителите на овие грицки од пченка ја усовршиле уметноста на непостоечна калориска густина.

Имено, бидејќи флипсите се многу лесни и воздушести и се топат во уста, немате впечаток дека јадете толку многу, како ни претстава за внесените калории. Затоа ви се чини дека би можеле да го јадете постојано.

Сакате гумени бонбони затоа што се шарени
Шарените бонбони, секако не се привлечни само поради бојата, но е откриено дека интересниот колорит ги прават производите примамливи. Секако, причина е многу шеќер кој се наоѓа во нив.

Сакате конзервирани сосови, бидејќи се полни со шеќер
Ако ја погледнете листата на состојки на конзервираниот сос од домати, најверојатно дека ќе наидете на шеќер. Со додавање на шеќер во сосот од домати се подобрува металниот вкус кој производот го има поради процесот на конзервирање.

Сакате колачи, бидејќи вашето тело не е прилагодено на интензивни вкусови

Постојат многу причини поради кои луѓето сакаат колачи, но една од нив е тоа што телото не еволуирало да се носи со интензивното трио – шеќерот, мастите и сојата, кои се наоѓаат во малите чоколадциња.

Пред да настанале првите преработки, луѓето шеќерот го добивале главно од овошје и мед, солта била само зачин, а маста нутриент до која тешко се доаѓало.

Вака како што ги добиваме сега, се уште се нови за нашите сетила и целото тело.

Сакате чипс и помфрит бидејќи имаат совршена мешавина од масти и соли

Солта и мастите ги прават помфритот и чипсот толку неодоливи. Покрај тоа, скробот од компирот предизвикува зголемено ниво на глукоза, исто како и шеќерите, а крвотокот многу побрзо ја апсорбира. Веднаш потоа следи нагол пад на глукозата, поради што посегнувате за уште чипс.

Сакате газирани сокови и спортски пијалоци бидејќи се слатки

Во чаша просечен сладок газиран сок има 12 грама шеќери, а некои видови имаат и до 40 грама, што е еквивалент на 10 лажици шеќер.  Зошто производителите ставаат толку шеќер?

Во многу газирани сокови се наоѓа и многу натриум – околу 55 милиграми, што ја засилува жедта, а за да се покрие соленоста, производителите додаваат и многу шеќер.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »